Земјите од ЕУ досега искористија 150 милиони дози вакцина против коронавирус од почетокот на вакцинирањето во Унијата на 27 декември 2020 година, соопшти денеска преку Твитер претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен.
„Вакцинацијата зема замав во Европа. Само што надминавме 150 милиони инјекции во ЕУ. Една четвртина од сите Европејци веќе ја примија првата доза. Ќе имаме доволно дози на вакцини за да ја исполниме целта за вакцинирање на 70 проценти од возрасното население на Европската унија до јули, напиша таа.
ЕУ има околу 450 милиони жители.