Уругвајската полиција го уапси шефот на личната гарда на претседателот, Алехандро Астесиано под сомнение за вмешаност во шема за незаконско добивање на уругвајски пасош.
Обвинителката Габриела Фосати синоќа информираше дека Астесиано, шефот на обезбедувањето на уругвајскиот претседател Луис Лакаје Поу, е под истрага за учество во криминална мрежа за издавање лажни руски изводи од матичната книга на родените. Во нив се посочува оти родителите на руските граѓани се од Уругвај.
Според Фосати, целта била Русите да можат да добијат пасоши и други официјални документи.
Голем број Руси ја напуштаат својата земја по руската инвазија врз Украина на 24 февруари, но и откако рускиот претседател Владимир Путин ја објави веста за делумната мобилизација.
Астесиано е приведен по враќањето од патување во Уругвај, заедно со претседателот и неговите синови.
– Изненаден сум, како и сите вие. Згрозен сум, изјави Поу.
Уругвајските медиуми вчера објавија дека против Астесијан се водат 20 истраги под обвинение за измама, проневера и кражба.