Грчкиот тенисер Стефанос Циципас не успеа да се пласира во четвртото коло на УС Опен.
Третиот носител ноќеска во третото коло беше поразен од Шпанецот Карлос Алкараз. На шпанскиот спортист му беа потребни пет сета за победа.
Резултатот по сетови: 6:3, 4:6, 7:6 (7:2), 0:6, 7:6 (7:5) во корист на Алкараз. Мечот траеше четири часа и 11 минути.
Од главните фаворити на Грен слемот во Њујорк, денес Новак Ѓоковиќ (прв фаворит) игра со Кеи Нишикори, додека Александар Зверев (четврти носител) се среќава со Џон Сок.