Шпанецот Пабло Карењо-Буста стана полуфиналист на УС Опен. Тој ноќеска, во четвртфиналето го победи претставникот на Канада, Денис Шаповалов со 3-2 во меч којшто траеше четири часа и девет минути.

Резултатот по сетови: 3:6, 7:6 (7: 5), 7:6 (7: 4), 0: 6 и 6: 3.

За пласман во финалето, шпанскиот тенисер ќе ги одмери силите со Александар Зверев од Германија.

Грен слемот во Њујорк се игра за награден фонд од 53,4 милион и долари.