Две момчиња од српска националност се ранети денеска во близина на Штрпце кога локален Албанец пукал во нив од возило во движење, соопшти Канцеларијата за Косово и Метохија.
Како што се наведува, „во моментот на нападот децата оделе покрај патот кога напаѓачот отворил оган врз нив“.
„Тие се здобиле со прострелни рани, едното момче било погодено во раката, а другото во рамото. Тие не се во животна опасност. Во овој момент се транспортирани во Клиничкиот болнички центар во Грачаница, каде што ќе ја добијат најдобрата можна грижа. Станува збор за очигледен обид за убиство на невини српски деца кои биле вознемирени само затоа што носеле новогодишни украси и со тоа јасно покажале дека се Срби“, се наведува во соопштението.
„Ваквиот напад е директна последица на антисрпската политика на Аљбин Курти, кој со своето однесување и постапки ги охрабрува сите кои сакаат српска крв, дури и на Божиќ. Бараме итна и одлучна реакција од меѓународната заедница, а Канцеларијата за Косово и Метохија на семејствата и на повредените ќе им ја пружи сета потребна помош“, се наведува во соопштението.
Подоцна, косовската полиција соопшти дека го уапсила напаѓачот на српските момчиња, пренесува „Коха“.
Според првите информации уапсен е А.К.(33), кој е на распит во Урошевац.