Рускиот претседател Владимир Путин ќе учествува на претстојниот самит на БРИКС што ќе се одржи во Бразил на 6 и 7 јули, но форматот на неговото учество сè уште не е утврден, изјави денес помошникот на рускиот лидер Јуриј Ушаков.
„Сè уште не е одлучено во кој формат ќе учествува претседателот Путин.
Но, секако, на еден или друг начин Путин ќе учествува на самитот“, потврди Ушаков, пренесува ТАСС.
Организацијата БРИКС е основана во 2006 година, а Јужна Африка им се придружи на земјите основачи Бразил, Русија, Индија и Кина во 2011 година.
Египет, Иран, Обединетите Арапски Емирати и Етиопија станаа полноправни членки на БРИКС на 1 јануари 2024 година, а Индонезија се приклучи како полноправна членка на 6 јануари 2025 година.
Бразил го презеде претседателството со БРИКС на 1 јануари, а Русија претходно претседаваше со организацијата во 2024 година. Клучен настан за време на руското претседателство беше самитот во Казан, кој се одржа од 22 до 24 октомври 2024 година.