Уште 6,6 милиони Американци во текот на минатата недела се пријавија за помош за невработени, во период на епидемија на Ковид-19, соопшти денеска Министерството за труд.
Американската централна банка, пак, во исто време соопшти дека може да ја помогне економијата со 2,3 трилиони долари преку нови и проширени програми.
„Пандемијата со неверојатна брзина затвори долгогодишни и нови претпријатија, оставајќи ги без плата постарите работници и нововработени во речиси сите видови индустрија“, пишува „Њујорк тајмс“.
Весникот потсетува дека за само три недели повеќе од 16 милиони Американци останаа без работа, повеќе отколку за рецесијата предизвикана за две години.