Премиерот Зоран Заев на неговиот фејсбук-профил објави дека имал проштална средба со претседателот на Уставниот суд, Сали Мурати, на која му посакал успех и среќа во натамошната кариера.

– Уставот е темелот на владеење на правото, а владеењето на правото е најзначајниот елемент на секое општество. Токму Уставниот суд преку заштита на уставноста и законитоста е чуварот на овие вредности, местото каде што се носеле многу важни одлуки за иднината на земјата и се одлучувало за уставноста на многу важни закони, напиша премиерот на Фејсбук.

Заев додаде дека како дел од позитивните реформи во судството ќе биде опфатен и Уставниот суд, кој во наредниот период ќе биде дигитализиран, заедно со останатите судови и околу 200 судници во државата.

– Модернизацијата на овој суд е предвидена во втората фаза од дигитализацијата и таа ќе опфати интегриран информациски систем за потребите на Уставниот суд, истакна премиерот.

Во време на Сали Мурати, Уставниот суд не најде храброст да ги постави на дневен ред иницијативите за оценка на неуставноста на СЈО, што е од извонредна важност, иако СЈО не постои, како и иницијативата за неделовничкиот избор на Талат Џафери за претседател на Собранието во април 2017 година. Тука се и Преспанскиот договор и Договорот со Бугарија, објавувањето прописи во Службен венсик без потпис на претседателот на државата итн.

Се на се, еден катастрофален мандат на Мурати, а нејасно е што има претседател на УСтавен суд да има проштална средба со претседател на Валда.