Руските власти соопштија дека собориле уште еден дрон над Москва.

„Дрон се обиде да го прелета градот. Тој беше елиминиран со воздушна одбрана. Урнатини паднаа во реонот на насипот Карамишевскаја. Нема повредени и нема сериозни оштетувања на зградите. Службите за итна помош се на местото на настанот. “, напиша на Телеграм градоначалникот на Москва Сергеј Собјанин.

На социјалните мрежи се појави видео на кое се гледа како дрон го надлетува градот и паѓа во близина на споменатиот насип. Руската државна новинска агенција ТАСС објави дека се воведени ограничувања за летови на аеродромот Внуково југозападно од Москва, пишува Си-Ен-Ен.