Асоцијацијата на специјализанти и млади лекари на Фејсбук објави дека почина лекарот д-р Сенат Грбовиќ, од компликации со коронавирусот.
Работел како лекар во Брзата помош во Здравствениот дом во Скопје, почина на 53 годишна возраст.
Од Асоцијацијата на специјализанти и млади лекари на Фејсбук искажаа сочуство:
„Уште една загуба на лекар во оваа пандемија. Сочувство до фамилијата на др. Сенат“, напишаа на објавата.
Колегите го опишуваат Д-р Сенат Грбовиќ како прекрасен човек и доктор.
„Почивај во мир, наш драг и ценет колега. Голема загуба. Вреден и добар човек, исклучително професионален и колегијален. Сочуство до семејството“, стои напишано во една од посветите.
Од него се прости и директорката на Геронтолошки завод, Д-р Салија Љатиф Петрушовска.
„Ах, другар, многу рано си замина. Алах нека ти го подари најдоброто место во џенетот“, напиша таа.
Д-р Грбовиќ бил вработен во Брзата помош во „Здравствен дом Скопје“. Имаше 53 години.