Редовната и добра хигиена на рацете, чистење и миење играчки и други површини може да го намалат ширењето на бактериите и ризикот од развој на инфекција со пневмокока (Streptococcus pneumoniae) како – пневмонија.
Пневмококата, причинител на бактериска пневмонија, пулмонални ткивни инфекции кои можат да бидат фатални ако не се третираат, се пренесуваат преку воздух или капки, често кашлање и кивање на заразени лица. Британските научници сега тврдат дека за првпат докажале дека оваа бактериска болест, исто така, може да се пренесе со раце.
Во студијата, чии резултати беа објавени во списанието European Respiratory волонтерска група била изложена на пневмокока втриена во раце. Потоа добиле непријатна работа да повторат неколку од најчестите акции, имено секојдневно допирање, триење или чепкање во носот.
“Оваа студија покажа дека бактеријата можат да се шири со раце, па дури и предмети како мобилни телефони или детски играчки може да придонесат за ширење”, вели Викторија Конор, од Универзитетската болница во Ливерпул.
Околу 1.3 милиони деца на возраст под пет години го губат животите секоја година на глобално ниво поради последици од воспаление на белите дробови.