Уште едно лице почина ноќеска, со што бројката на загинати лица во една од најтешките автобуски несреќи во историјата на Македонија се искачи на 15.
Вчера попладне се случи тешка сообраќајна несреќа, кога автобус на гостиварската фирма Дурмо Турс, патувајќи од Скопје кон Гостивар, од непознати причини преминал на спротивната коловозна лента, ги пробил сите заштити, летнал на регионалниот пат, а оттаму во полето и се превртел.
На самото место животот го изгубија 7 лица, во болниците во Скопје на тешките повреди им подлегнаа уште 8 патници.
Во скопските болници се згрижени уште 40 повредени, од кои неколку во тешка здравствена состојба.