Уште едно медицинско лице денеска го загуби животот од компликации од Ковид-19. На 57 годишна возраст почина Елизабета Јанкова, здравствен работник од Центарот за јавно здравје Битола. Јанкова повеќе од 35 година била дел од здравството во Битола, и била вклучена во борбата против коронавирусот.
-Не напушти по кратко боледување од корона вирусот. Нејзината позитивна енергија и гласна насмевка ќе недостига и на колегите, пријателите и семејството. Битолчани ќе ја паметат како насмеана, пожртвувана и ултрамодерна баба, напиша нејзината ќерка Андријана.
Јанкова е втора жртва на Ковид-19 во битолското здравство, пред една недела почина и медицинска сестра од одделението за Хирургија.
Извор: ТВ21