Уште еднаш Арсенал настапи лошо и скоро доживеа пораз на гостувањето кај Виторија (Гимараеш) во натпревар од групата „Ф“ од Лигата на Европа.
Натпреварот заврши 1-1, а „топџиите“ веќе немаат победа во четврти последователен натпревар на сите турнири.
Вечерва избраниците на Унаи Емери имаа само еден удар во рамките на голот и го реализираа во 80-тата минута преку Шкодран Мустафи.
Сепак, Португалците заслужено израмнија на дополнителното време по феноменалните ножици на Бруно Дуарте.
Неколку секунди подоцна гредата го спаси Арсенал, а истото се случи и на почетокот на натпреварот.
На крајот на краиштата, Арсенал продолжува да ја предводи групата со 10 бода и е фаворит да помине во следната фаза. Виторија е последна со 1 поен.
Во вториот натпревар од групата утре Стандард (Лиеж) е домаќин на Ајнтрахт (Франкфурт).