Уште неколку часа до извлекувањето ан броевите во „Мегамилионс“ лотаријата во САД (11 часот според времето на источниот брег во САД или 5 часот наутро по македонско време), каде главната премија се предвидува дека ќе достигне фнтастични 970 милиони долари што е втора најголема премија во историјата на лотаријата (при вакви суми, во часовит пред извлекувањето уплтата и премијата секогаш го ндминуваат предвиденото).
Евентуалниот добитник има и кеш опција односно доколку посака парите да му бидат испалтени веднаш и во целост, ќе добие 548 милиони долари, но без платен данок. По плаќањето на двата даноци, федералниот и данокот на државата во која живее добитникот, сумата се намалува за околу 40 отсто, па овој случај на сметка ан добитникот би легнале околу 300 милиони долари.
Доколку добитнико ја посака целата сума, тогаш таа ќе му биде исплатена на 30 рати, односно во период од 30 години, при што данок се плаќа при секоја годишна исплата.