Мисијата 7 врвови е завршена, македонското знаме е на врвот Винсон висок 4.892 метри на Антарктикот, поставено од македонската алпинистка Илина Арсова.

– Со ладни раце, но со топло срце. Со ова искачување станав прва жена од нашата земја и една од 60 во светот кои ги искачиле највисоките врвови на сите континенти (по Меснерова листа), како врвен успех во планинарските спортови. Незаборавно искуство и прекрасно чувство!- објави Арсова на Фејсбук.