„Веркстат“ е успешна креативна приказна од нашето поблиско соседство… Кога Босанките Лејла Нухиќ и Ајла Шариќ го започнале својот проект пред четири години, не ни замислувале дека нивниот накит ќе го носи и светската ѕвезда Бијонсе.

Брендот го добил називот по германскиот збор за „работилница“, а основачките Ајла и Лејла накитот го изработуваат рачно.

– Инспирацијата ја наоѓаме во секојдневието, во сите видови и облици на уметноста, а најголемо задоволство ни нуди заедничката работа. Она што посебно нѐ радува се реакциите на купувачите кога ќе дознаат дека „Веркстат“ настанал од хоби, изјави Лејла.

И така, нивниот накит денес го носат Северина, Лејла Филиповиќ, Бијонсе и други познати личности.