Треска“ тресна на Уставен. Уставниот суд, без расправа и повикување експерти, ја отфрли иницијативата за оценување на уставноста на планот за Буњаковец, во кој спаѓа и просторот на „Треска“, велат од Шанса за Центар.
За жал се потврди правилото „Устав може да се смени, ама ДУП никако“.
На здравје нека се во Буњаковец:
Над 1 милион м2 бруто изградена површина за домување наместо 400.000 што ги дозволува ГУП-от.
Над 60% изграденост за домување наместо 22% колку што дозволува ГУП-от
Над 33.000 жители наместо 12.500 колку што дозволува ГУП-от.
Над 9.300 просечен број на семејства наместо 3.400 колку што дозволува ГУП-от.
0.36 м2 зеленило по жител или ич.
Густина на изграденост со планираните висини со кои не се обезбедува минимален стандард за нормално хумано живеење или доволна аерација и минимални 2 часа осонченост.
Уште подолги листи за чекање за запишување во градинка, училишта…
На здравје нека се „наполитанките“, велат тие кои споделија и линк за повеќе информации.