Ќе се истражува уставноста на законските измени за прекувремената работа на автопатите што треба да ги гради конзорциумот Бехтел – Енка. Уставниот суд формира предмет по поднесената иницијатива до нив од Хелсиншкиот комитет. Тој за работени односи беше меѓу петте закони кои претрпеа измени користејќи го европско знаменце за запазување на роковите предвидени во договорот за градба на коридорите 8 и 10Д стратешки проект на земјава за поврзување на Балканот.
Меѓу другото во иницијативата од комитетот се става акцент на дополнително оспорениот член со кој се предвидува исклучок од траењето на прекувремената работа подолго од 8 часа неделно и 190 часа годишно за работење на проекти од стратешко и национално значење, што според подносителите создава правна несигурост и простор за толкување и манипулација со вкупното времетраење на прекувремената работа без да се утврди горна граница.