Внукот на последниот хабсбуршки цар Карл Хабсбург-Лотхрингер мора од своето семејно презиме да ја исфрли благородничката титула „вон“, пресуди австрискиот Уставен суд.
Карл Хабсбург-Лотхрингер на својата веб страница самиот се нарече Карл вон Хабсбург( Карло од Хабсбург), што е во спротивност со автрискиот закон со кој е укината аристократијата и благородничките титули, по падот на монархијата во 1918 година.
Овој случај стигна и до суд бидејќи внукот на царот Карло I се жалеше на казната што му беше досудена за употребата на „вон“.
Хабсбург-Лотхрингер тврдеше дека му е прекршено правото на слобода на говор, на семеен живот и на еднаквост пред законот.
Судот ја отфрли неговата жалба, тврдејќи дека „Уставниот суд укинувањето на благородништвото го смета за чекор кон создавање на еднаквост“.
Судот, меѓутоа, призна дека Хабсбург-Лотхрингер не може да се натера да ја плати казната бидејќи законот за забрана на аристократијата никогаш не бил ажуриран, па за него и натаму се пропишани парични казни изразени во куни, а не во евра.