Недела останува неработен ден. Уставниот суд на денешната седница одлучи да не поведе постапка по иницијативата на Стопанската комора која го оспори Законот кој во својата содржина опфаќа работа во недела и која бараше ден за одмор може да биде кој било друг ден во неделата.

Дополнително, подносителите на иницијативата беа на ставот дека дека е утврден и додаток на плата за работа во недела во износ од најмалку 50 отсто за секој час поминат на работа и „од тие причини е дозволена нееднаквост на граѓаните пред законите“.

Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) остро се спротивстви на оваа иницијатива на бизнис секторот и се закани со нови радилани мерки.