Функционерите кои си поднеле оставка или биле разрешени нема да можат да земат апанажа. Уставниот суд денеска го укина членот 22 од Законот за плати и надоместоци на избрани и именувани лица, одлучи денеска Уставниот суд на Република Македонија.
– На 7 декември 2022 година, Уставниот суд одлучи да поведе постапка и изрази сомнеж во уставноста на членот 22 од Законот за плата и другите надоместоци на избрани и именувани лица во Република Македонија. Во членот за кој е поведена постапка е предвидено дека пратеник, функционер и раководен работник кој поднел оставка или е разрешен од должноста пред истекот на времето за кое е избран, именуван или назначен, ги има правата на остварување на плата по престанувањето на функцијата. Лицата додека го остваруваат правото на плата, имаат право и на надоместок за користење на годишен одмор, според став 2 од членот 22 од Законот, соопштија претходно од Уставниот суд.
Судот претходно одлучи да не поведе постапка за оценување на уставноста на другите оспорени членови од овој закон.