По насока на претседателката на Уставниот суд, Добрила Кацарска, на сите советници и судии во ова институција им е укажано приоритет да даваат на постари предмети и да внимаваат на времетраењето на постапката, а дополнително пред повеќе од четири месеци е побарано од советниците на Судот да достават информација за сите нерешени предмети, а на судиите им е укажано да реагираат кај советниците на Судот за да ги изготвуваат рефератите во најкраток рок, информираат од Уставен суд, од каде појаснуваат дека токму по овие укажувања од страна на претседателката на Судот веќе е одлучено по неколку стари предмети изминатиот период.
Воедно, Уставниот суд на денешната седница не донесе одлука за предметот со кој беше оспорена Одлуката за избор на претседател на Собранието од 2 мај 2017-та година донесена од Собранието, поради недоволно мнозинство на гласови и за овој предмет ќе се одлучува на некоја од наредните седници кога Судот ќе биде во полн состав.
– Претседателката на Уставниот суд, Добрила Кацарска го доби овој предмет како готов реферат на 22 февруари 2022 година, или една недела пред денешната седница и веднаш го стави на седница, како што е праксата за сите останати предмети. За појаснување, овој предмет е оформен уште во 2017-та година со спојување на три иницијативи и на 7 јуни 2017 година, советникот на Судот кому му бил доделен предметот го изготвил рефератот и го предал на тогашниот судијата-известител, велат од Уставен суд.
Оттаму додаваат дека од објективни причини на почетокот на оваа година предметот е прераспределен кај нов судија, кој за две недели го проучил рефератот и го предал на Претседателката на Уставниот суд како подготвен за одлучување.