Државната каса ќе биде покуса за 50 милиони евра. Уставниот суд го поништи Законот за солидарен данок, па сега Владата, непланирано, ќе мора да издвои пари од буџетот и на 150 компании кои го платија, да им врати назад. Ретроактивното дејство на законот, погрешната примена на европската директива и селективната на законот биле главните аргументи уставнитењ судии да донесат ваква одлука, вели првиот човек на Уставен Дарко Костадиновски.

Сега, секоја компанија која што платила солидарен данок, ќе може да си ги побара парите назад и тоа со камата, а државата има рок од 5 години, да им ги врати. Се очекува двете страни да седнат и да се договорат, оти во спротивно ќе мора да се поведе судски спор. Со оваа одлука ја вративме состојата на уставност, вели претседателот Костадиновски.

Иако најави дека ќе го направи тоа, Владата не одговорила на барањето на Уставен за мислење по иницијативата за проверка на уставноста на солидарниот данок. Сепак, пред десетина дена од Илиунденска се изјаснија дека ќе ја почитуваат одлуката на Уставен каква и да е. Бизнисот, од каде што потекна и иницијативата за утврдување на уставноста беше против овој данок,за кој обвинија дека ја нарушува предвидливоста во работењето на компаниите и ги одвраќа инвеститорите. За да го пополни буџетскиот дефицит, претходната Влада го воведе овој данок, како еднократна јавна давачка за 2023 година. Го платија сите фирми што во 2022 година остварија приход над 10 милиони евра. Според Законот, овие компании платија 30 отсто на разликата во добивката во годината кога имаше енергетска криза, во однос на добивката од претходните три години.