Советот на Општина Аеродром денеска го усвои Буџетот за 2026 година, кој претставува најголем и најкапитален буџет досега. Со овој буџет се обезбедуваат конкретни и одржливи решенија за унапредување на квалитетот на живот на граѓаните и се поставуваат јасни насоки за развој на општината, се наведува во соопштението од Општина Аеродром што го пренесуваме интегрално.

Вкупната финансиска рамка изнесува:

  • Основен буџет: 1.302.567.000 денари
  • Капитални инвестиции: 883.375.000 денари

Буџетот за 2026 година е насочен кон инвестиции што обезбедуваат вистинска грижа, подобар живот и еднакви можности за сите жители. Средствата се распределени во повеќе клучни области – образование, социјална заштита, култура, спорт, инфраструктура, урбан развој и заштита на животната средина.

Образование и грижа за најмладите

  • Доградба на ООУ „Блаже Конески“
  • Доградба на ООУ „Гоце Делчев“ – Горно Лисиче
  • Доградба на градинка „Изворче“ – Стар Аеродром
  • Изградба на нова градинка „Пчелка 1“ – населба Лисиче
  • Проект „Униформа за секој ученик“
  • Обезбедување таблет за сите ученици од четврто одделение
  • Награда за наставник на годината
  • Награда за ученик на годината
  • Субвенции за талентирани ученици и спортисти

Социјална поддршка

  • Финансиска поддршка од 8.000 денари за секое новороденче
  • Финансиска поддршка за првачиња

Култура, спорт и квалитетен живот

  • Изградба на првиот мултифункционален центар – јадро на културата и забавата
  • Изградба на нови спортски игралишта
  • Изградба и уредување детски игралишта
  • Поставување калистеника фитнес зони
  • Нова урбана опрема во сите населени места

 

Инфраструктура и урбан развој

  • Реконструкција на улици и пешачки површини:
    • ул. „Симеон Кавракиров“ – Мичурин
    • крак од бул. „3-та Македонска бригада“ (кај Метро)
    • ул. „Лисец“ – Горно Лисиче
    • краци на ул. „Ѓорѓи Капчев“ и „Тодор Чангов“
    • ул. „Богомилски Поход“
    • ул. „Гаврил Константиновиќ“
    • плочници во Ново Лисиче
  • Реконструкција на ТЦ Населба Лисиче и плочник околу ТЦ „Три Бисери“
  • Изградба на мост на патот Горно – Долно Лисиче
  • Довршување на водоводните мрежи во Горно и Долно Лисиче
  • Ново сообраќајно решение во Мичурин и Стар Аеродром за полесно движење на возилата, зголемен број паркинг-места и побезбедни пешачки и велосипедски патеки

Чиста и уредена општина

  • Набавка на нова механизација за одржување на хигиената и зеленилото
  • Униформи и заштитна опрема за комуналните работници

Буџетот за 2026 година претставува јасна определба за рамномерен развој, еднаква грижа и подобро секојдневие за сите граѓани. Општина Аеродром продолжува да инвестира одговорно и стратешки, градејќи општина во која децата растат во безбедна средина, младите добиваат нови можности, а секој граѓанин чувствува поддршка и грижа.

Општина Аеродром останува посветена на заедничката цел – Аеродром по мерка на секој жител и иднина исполнета со развој, можности и доверба.