Со 82 гласа „за“, без ниту еден „воздржан“ и ниту еден „против“, изгласани се законските измени на законот за лекови со кои сите пациенти со цистична фиброза ќе го добијат лекот „Трикафта“.
Овие законски измени имаат за цел склучување на посебни договори меѓу владата и производителот, а посебните договори не се договори за јавна набавка.
Осум пациенти веќе го добија лекот Трикафта со директна набавка, а останатите 120 ги чекаа законските измени.
ВМРО-ДПМНЕ поднесе амандмани на законот со образложение дека има можност за криминал во здравството, а постоечкиот закон овозможува набавка, но нивните амандмани беа одбиени.