Поради реконструкција на водоводна мрежа ф-80 мм на ул. Капиштец – пред резиденцијата на Република Франција, со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците од истата улица во Општина Центар.
Како што соопшти РЦУК-Скопје по информација добиена од ЈП Водовод и канализација, водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:30 се до завршувањето на работите.