Со оглед на тоа што за денеска е закажано започнување на собраниската седница на која по итна постапка на дневен ред е поставен договорот со Грција, синоќа на протестниот митинг пред Собранието на РМ беше закажан нов собир за денеска во 11 часот претпладне.
Овој термин е избран бидејќи вчера беше соопштено дека собраниската седница ќе започне денеска во 11 часот.
Иако времето е незгодно за оние кои се на работа или преку ден имаат други обврски (на пример, многу пензионери ги чуваат внуците), се очекува како ќе минува времето, масовноста на денешниот митинг да расне од час во час.
Очигледно е дека народот нема намера да се откаже од изразување на своето несогласување со неговото укинување, за што најдобро сведочи синоќешниот собир кој беше еден од помасовните, иако завчера полицијата брутално се пресмета со демонстрантите.