Фудбалската репрезентација на Македонија денеска се комплетираше со доаѓањето на Александар Трајковски и на Езгјан Алиоски. Стрелец на голот против Италија, Александар Трајковски, вели дека нашата селекција ја прифаќа фаворитската улога за дуелот против Бугарија во Разград, како дел од новото издание во Лигата на нации.
„Бугарија нас нè смета за фаворит, по сето она што го направивме во квалификациите за мундијалот во Катар. И тоа е добро, ги респектираат нашите резултати. Сега треба да бидеме максимално фокусирани и да го дадеме својот максимум. Знаеме како се пласиравме на Европското првенство и сакаме да го повториме тоа“, изјави Александар Трајковски.
Македонскиот национален тим утре патува за Разград, каде в четврток ќе го игра мечот против Бугарија во Лигата на нации.