Сопругата Маја и блиските пријатели преку социјалните мрежи споделија информација дека погребот на починатиот музичар Владимир Блажев – Панчо од ДНК, ќе се одржи утре (16.10) на гробиштата во Бутел.
Телото претходно ќе биде изложено во црквата Св. Илија – Аеродром.
-Молитвениот чин ќе започне во 9 часот, со Заупокоена литургија. Сочувство ќе може да се изрази во периодот 10 до 12 часот, а Опелото ќе започне во 12 часот. Погребот, пак, ќе биде на гробиштата во Бутел, во 13:30 часот, стои во известувањето.
Тој зад себе ја остави неговата Маја и синовите Андреја и Марјан.