Во пет општини во Албанија утре ќе бидат спроведени предвремени избори за градоначалници.
Ќе се гласа во општините Валона, Берат, Церик, Мат и Тепелена, каде претходните градоначалници избрани во 2013 година поднесоа оставки, четворица заради учество на парламентарните избори, еден поради лични причини.
Во единствениот избирачки список се 334.539 лица со право на глас. Ќе се гласа на 473 гласачки места, за чија безбедност се ангажирани над 600 полициски службеници.
Во трката за петте градоначалнички места се 13 кандидати. Социјалистичката партија има свои кандидати во петте општини, додека демократите ги поддржуваат независните кандидати.
Предвремени избори утре требаше да има и во Тирана, според уредбата на претседателот Бајрам Бегај, за одредување датум.
Но, откако Уставниот суд го прифати барањето на градоначалникот Ерион Велиај, кој е во затворски притвор, за неуставно негово разрешување од страна на владата врз основа на одлука на Советот на општина Тирана, изборните активности беа прекинати.
Rедовни локални избори во Албанија ќе се одржат во 2027 година.




