За утре во 18 часот е најавен собир за поддршка на адвокатот Тони Менкиноски кој доби пријава затоа што го развеа знамето со сонцето од Кутлеш во Охрид во знак на поддршка на уставобранителите на 27 април годинава.
Процесот против него се води по пријава од СВР Охрид од каде што тврдеа дека наредбата за прогон на Менкиноски е дојдена од кабинетот на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски. Менкиноски е адвокат кој без пари со години ги брани Македонците од Бугарија во Стразбур каде учествувал во 16 пресуди против Бугарија.
Кога МВР по налог на кабинетот на министерот Спасовски почна да оди по куќите на луѓето што биле со Менкиноски на 27 април, адвокатот се пријави дека тој е одговорен за настанот и побара сам да одговара за знамето со цел да ги заштити другите учесници.
Судското рочиште е закажано за 16-ти во Охрид каде во охридскиот суд ќе му се суди за нарушување на јавен ред и мир иако никој во Охрид не пријавил дека е нарушен јавниот ред и мир.