Министрите за надворешни работи на Грција и Македонија, Јоргос Герапетритис и Тимчо Муцунски утре ќе остварат билатерална средба во Њујорк на маргините на Генералното собрание на ОН, јави дописничката на МИА од Атина.
Средбата ја соопштија од грчкото МНР во рамки на активностите и состаноците што министерот за надворешни работи на Грција ќе ги има во текот на денешниот и утрешниот ден, а ја потврдија и извори од македонското МНР за известувачот на МИА од Њујорк.
На маргините на Генералното собрание, господинот Герапетритис ќе има одделни билатерални средби со министрите за надворешни работи на Боливија, Македонија, Бахреин и Саудиска Арабија, пишува во соопштението од Министерството за надворешни работи на Грција.
Муцунски и Герапетритис утре ќе учествуваат и на Министерскиот состанок на неформалната група „Пријатели на Западен Балкан“, во присуство на министрите за надворешни работи на земјите од Западен Балкан.
Ова ќе биде прва средба на шефовите на дипломатиите на двете земји,
На средината на јули, Муцунски и Герапетритис остварија телефонски разговор, а во фокусот беше справувањето со пожарите што тогаш беа активни кај нас.