Владата на Република Македонија утре ќе одржи свечена седница по повод 24 години од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор, при што на истата ќе се обрати и премиерот Христијан Мицкоски.
-Ве известуваме дека утре 13.08.2025 година (среда) ќе се одржи одбележување на 24 години од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор.
По тој повод со почеток во 10:00 часот во Свечената сала во Владата на Република Македонија ќе се одржи свечена седница на која ќе се обрати, Христијан Мицкоски, претседател на Владата на Република Македонија, информираат од Владата.