Утре ќе се одлучува што ќе се прави со одлуката на осигурителните компании за поскапување на задолжителната осигурителна полиса.
Владини извори за ТВ Телма велат дека е можно да се донесе нов тарифник со кој директно би можело да се вратат старите цени.
Оваа тема ќе биде дел од владината седница. Но во исто време состанок ќе одржат и националното било, Агенцијата на супервизија на осигурениците и министерството за финансии. Се чека реакција и од Комисијата за заштита на конкуренцијата, да процени дали има фер однос од страна на осигурителните компании со оваа одлука.
Инаку владата има надлежност во носењето на цените на осигурувањето во цената на зелениот картон, во методологијата, но и во утврдување на максималните граници на режиските трошоци на осигурителните компании. Тие одлучија да ја зголемат цената на осигурителната полица за 15 проценти со образложени дека со години не е променета цената, а нивните трошоци се значително пораснати.
Извор: ТВ Телма