Музејот „Валтер го брани Сараево”, посветен на култниот истоимен филм на режисерот Хајдурин Крвавaц, ќе биде отворен на 6 април, кога е роденденот на градот Сараево. Се најавува како една од најатрактивните босански туристички места.
Музејската институција од над 100 квадратни метри, ќе им понуди на посетителите, меѓу останатото, и разгледување на оригиналните филмски експонати, како и снимки од снимањето на филмската класика. Музејот е прилагоден и пристапен и за лица со попреченост.
– Оваа институција е важна за идентитетот на заедницата, но може да има своја употребна вредност и како туристички производ на денешнината, нагласи генералниот директор на Филмскиот центар на Сараево, Јасмин Дураковиќ.
Во текот на овој месец Музејот ќе биде отворен секој работен ден од 09.00 до 17.00 часот.