Тезгите на скопскиот Зелен пазар утре ќе останат празни преку целиот ден поради предупредувачкиот штрајк на пазарџиите.
Тие се револтирани од новиот ценовник на Скопски пазар закуп на тезга и од селективниот пристап кон пазарџиите.
Од Скопски пазар за Сител посочија дека немаат намера да го менуваат ценовникот, бидејќи е зголемена цената само на дневниот закуп на тезга.
Цената за дневен закуп на тезга е зголемена од 150 на 250 денари. Цените пак за месечен месечен закуп се движат од 2.500 до 7.000 денари во завиност од тоа каде се наоѓа пазарот и самата тезга, велат од Скопски пазар за Сител и додаваат дека немаат намера да го повлечат новиот ценовник.