Утринава во Гевгелија починала мајката на специјалната обвинителка Катица Јанева.
Одговарајќи на новинарско прашање на прес конференцијата, обвинителката Вилма Рускоска посочи дека тоа нема да влијае врз нивното барање за притвор за обвинителката.
Јанева беше уапсена во нејзиниот дом во Козле, од каде, во придружба на полицијата беше однесена во СЈО, каде се вршеше претрес на нејзината работна просторија.
ОЈО на прес конференција соопшти дека доставило предлог за нејзин притвор.