Утрово на 68-годишна возраст во Скопје почина филмскиот продуцент Горјан Тозија.
Тозија беше директор на Агенцијата за филм во периодот од 2017 до 2020 година, а во неговата кариера беше и на функцијата државен секретар во Министерството за култура, како и советник во кабинетот на претседателот Бранко Црвенковски.
Тозија беше на чело и на Друштвото на филмски работници, а во 1993 стана и директор на „Вардар филм“.
Неговите пријатели се збогуваат од него на социјалните мрежи.