Крајно сме вознемирени, најсериозно загрижени и згрозени од она што се случи денес во храмот на демократијата и тоа од страна на премиерот Ковачески!

Говорот на омраза не смее да биде дел од нашето секојдневие.

Најмалку што може да стори премиерот денес, е да се извини!

Да се извини затоа што негова работа не е да коментира нечиј изглед!

Да се извини затоа што нема трпение да слуша за проблемите кои им ги создаде на граѓаните!

Да се извини затоа што ние – жените пратенички, имаме право на нормална работна средина во која ќе работиме за доброто на граѓаните и државата!

Политичка некултура, шовинизам и сексизам не смее да практикува никој, а најмалку премиерот Ковачески!

Жените во политиката имаат голема тежина!

Иако сериозно сме загрижени од омразата и агресивноста кои се манифестираат во законодавниот дом, на премиерот Ковачески му порачуваме – нема да нè одвратите од намерата да се бориме за доброто на граѓаните!

И додека очекуваме извинување од Ваша страна, бидете сигурен дека денешното однесување говори и повеќе од доволно за Вашата личност и Вашиот карактер!