Генералниот секретар на Унија на жени на ВМРО-ДПМНЕ и пратеничка Лилјана Затуроска денеска поднесе оставка на оваа функција.
– Како генерален секретар поставен од претседателката Рангелова сакам да изразам голема благодарност за довербата која ми ја даде во два наврати и правев се од себе за да ја извршувам функцијата најдостоинствено што можеше. Рангелова и тимот ја поставија Унијата на жени на високото скалило во партијата и така треба да продолжи. Функцијата генерален секретар на УЖ на најголемата и најмоќната партија беше задоволство и предизвик да се извршува. Давам оставка од оваа функција со искрени желби за уште посилни успеси на идниот тим кој ќе ја предводи унијата. Стојам на располагање на мојата партија почитувајки ги и извршувајки ги одлуките и активности кои ќе ми бидат доверени во иднина, напиша Затуроска на Фејсбук.
Претпладнево оставка поднесе и претседателката на Унијата на жени и пратеничка Даниела Рангелова.