Во село во близина на српскиот град Сремска Митровица било пронајдено тело на Синиша, убиен со удари од секира. Претходно му биле врзани рацете и нозете.
Според последните информации, полицијата го уапсила Драгутин М. (30), кој го признал убиството.
Неофицијално, осомничениот рекол дека го убил човекот затоа што го начекал во сексуални односи со неговата поранешна девојка Светлана.
Иако, првично веста беше дека маж го убил љубовникот на сопругата, српски медиуми пишуваат дека убиецот и Светлана не биле во брак, туку порано биле во врската, а убиениот е новиот дечко на жената.
Мештаните велат дека жената често ја гледале со различни партнери, и дека од еден од нив бил и убиениот.