Шестмесечно дете трагично го загуби животот кога неговата мајка Фемида Шајк изгубила рамнотежа на високи потпетици и го испуштила од терасата на вториот кат од зграда во градот Калијан, во Индија.
Фемида Шајк (23) присуствувал на венчавка со својот син Мухамед, и според пишувањето на медиумите, цело време се движела на своите штикли.
Набрзо загубила рамнотежа и ги испуштила Мухамед, кога тогаш здобил тешки повреди на рбетот и починал пред да го однесат во болница.
Венчавката се одиграла во градот Калијан кај Мумбаи во Индија, а додека некои извештаи тврдат дека до страдањето дошло поради пад од тераса, во други се наведува дека детето се стркалало низ скали.
Полицијата е вклучена во истрагата на целиот случај, иако тврдат дека станува збор за несреќа.