Велика Британија ќе одвои речиси две милијарди долари на културните институции и сферата на уметноста за да му помогне на секторот, кој беше силно погоден од мерките за пандемијата и карантинот поради Ковид-19, изјави британскиот премиер Борис Џонсон.
Владата во Лондон соопшти дека 1финансирањето во вредност од ,57 милијарди фунти (1,96 милијарди американски долари) е најголемата сума досега дадена на британскиот културен сектор. Тоа значи дека британските музеи, уметнички галерии, театри, независни кина, споменици на културата и музички настани ќе бидат заштитени со грантови и заеми.
Средствата ќе помогнат да се зачува оваа област за идните генерации, да се обезбеди уметничките и културните институции во Велика Британија да преживеат и да го одржат својот состав додека нивните врати се затворени, а завесите спуштени, се вели во соопштението.