Претставничкиот дом на САД во понеделник ќе достави предлог до Сенатот за отповикување на поранешниот претседател Доналд Трамп, обвинувајќи го за поттикнување бунт.
Со тоа ќе почне судска постапка што може да му ја „затвори вратата“ за повторно да се кандидира на претседателски избори, изјави денеска лидерот на мнозинството во сенатот, Чак Шумер.
– Претставничкиот дом ќе достави член за отповикување во Сенатот. Сенатот ќе спроведе судење за отповикување на Доналд Трамп. Тоа ќе биде целосно судење. Ќе биде праведно судење, рече Шумер во Сенатот.