Лидерот на руската платеничка група Вагнер, Евгениј Пригожин, кој веќе извесно време е во конфликт со руското Министерство за одбрана, денеска објави дека во четириесет руски градови се отворени регрутни центри.
„Вагнер отвори центри за регрутирање во 42 руски града. И покрај колосалниот отпор на украинските вооружени сили, ние одиме напред“, рече Пригожин, а пренесува АФП.
Да потсетиме, Пригожин претходно во неколку наврати го обвини руското воено раководство дека не ги снабдува вагнерците со муниција што ја има во воените магацини. Во февруари тој сподели фотографија од жртвите на руските платеници кои наводно загинале на 21 февруари бидејќи раководството на редовната армија не им доставувало муниција.