Сегмент од интервјуто на Такер Карлсон со Брет Вајнштајн за тоа зошто САД го нападнаа Иран и дали е тоа одлука на Трамп или на некој друг?
Брет Вајнштајн:
Грешката што Трамп ја направи е политичка грешка. Ако треба да избереш една област каде што би очекувал Трамп да не направи очигледна грешка, тоа би била политиката. Буквално мислам дека е политички гениј. Ако ништо друго, овој човек разбира како го гледа американското гласачко тело, до степен што можеше да се очекува дека нема да направи ваква грешка, особено кога неговото претседателство виси на конец, што очигледно е така, затоа што ако демократите го освојат Сенатот покрај Претставничкиот дом, тогаш не само што ќе добие импичмент, што мислам дека е многу веројатно и само со Претставничкиот дом, туку и ќе биде осуден и тоа ќе биде крај на неговото претседателство, а и неговото наследство.
Па зошто е човек кој ја разбира политиката подобро од сите нас? Човек кој направи нешто што би ти рекол дека е невозможно. Го победи двопартискиот систем, двете страни. Ја презеде Републиканската партија, убедливо ја порази Демократската партија. И тој човек сега прави потег што изгледа како детска грешка.
И тоа ме остава со многу вознемирувачка хипотеза. Немам голема сигурност во неа. Но мојата грижа е дека ова е доказ дека тој не е тој што држи контрола. Не е врховен командант на сопствените вооружени сили и дека всушност мора да рационализира одлуки што не би ги донел и за кои ветил дека нема да ги донесе за време на кампањата. Тоа е многу вознемирувачка мисла, но не гледам победа тука. И не гледам победа во доволно краток рок што би му помогнало пред изборите на средина од мандатот. Многу ми е тешко да го замислам тоа.
Такер Карлсон:
Па, мислам дека тоа е најмалку лошиот исход од перспектива на администрацијата на Трамп. Ако републиканците доживеат тежок пораз на изборите на средина од мандатот во ноемрву, но потоа некако вратат мнозинство од гласачите, мислам дека ќе бидат задоволни. Но мислам дека потенцијалните последици се такви што партијата мора да најде лидер кој ги претставува нејзините гласачи, затоа што на долг рок е многу едноставно. Дали ги адресираш грижите на гласачите? Ако одговорот е да, веројатно ќе бидеш избран, ако не, веројатно нема.
Мислам дека, знаеш, Геви Њусам ќе стане претседател ако ова продолжи во истиот правец. Значи прашањето е како да се врати довербата во владата, оставајќи на страна како да се излезе од војната, што мислам дека е многу комплицирано, значи како да се врати довербата откако владата призна дека Американци загинале во име на друга држава.
Брет Вајнштајн:
Не мислам дека бев наивен пред последните избори. Долго време го гледам двопартискиот систем како непобедлив и Трамп е способен за политички подвиг во таа сфера што другите не можат. Но кога станува збор за тоа колку се компромитирани нашите владини структури од корупција, секогаш постоеше прашањето дали останало доволно моќ во американските избори за навистина да ја смениме насоката на земјата. И по нападот на Иран, сум уплашен. Мислам дека одговорот што го добив е дека не било важно за кого гласаш. Неоконзервативците се префрлиле кај Демократската партија. Мислам дека Иран одамна бил на нивната агенда. Мислам дека напад врз Иран беше неизбежен и твитнав пред да се случи дека ќе нападнеме Иран и дека нема да имаме избор. И изгледа дека токму тоа се случи.
Но сакам да кажам дека хипотезата дека претседателот не е тој што ја контролира државата е една од две. Алтернативната хипотеза, колку што можам да видам, е дека му се прикажува многу убедлива, но лажна слика за светот која го натерала да дејствува на начин што би бил политички корисен и во интерес на нацијата ако тоа што го гледа е вистина, но не е. И тоа е исто така многу вознемирувачка можност – дека е опкружен со луѓе кои свесно или несвесно му прикажуваат нереална слика, за да го натераат да ја изложи војската на ризик и да го дестабилизира Иран, без да ги разбере последиците.
Такер Карлсон:
Не мислам дека има дилема околу тоа. Луѓето што се обидуваат да влијаат врз него се, знаеш, неразумни, но и неинформирани и имаат историја на лоши одлуки, но поседуваат максимална агресивност. Значи нема сомнеж дека сликата што ја добива е искривена и сè уште е. Огромен дел од иранските разузнавачки информации што ги добиваме се преведени од Израел. Значи, да, филтрирани се, можеби се искрени, можеби не. Но да, не ја гледа целата слика. Секако, ниеден претседател не ја гледа целосно. Но исто така, како што кажа на почетокот, што е најинтересно, тој ги игнорираше сопствените инстинкти.
Неговите политички инстинкти се извонредни. Кога другите одат во една насока, тој оди во друга и излегува дека е во право. Го нападна војувањето во Ирак кога тоа беше табу во Републиканската партија во 2016 и тоа се покажа како најсилната порака. Само тој го разбра тоа. Значи неговите инстинкти се на највисоко ниво, а сепак ги игнорираше. Зошто?
Брет Вајнштајн:
Мислам дека мора да го знаеме одговорот на тоа прашање и дека ние Американците мора да разговараме со самите себе не само за тоа колку е расипан нашиот систем и што нè тера да правиме, туку и како всушност функционира. Што е тоа што навистина нè движи?
Можеме да видиме делови од тоа. Можеме да видиме лобирање, на пример. Тоа е дупката во системот каде што системот е „плати за услуга“ и се користи секојдневно од корпорациите за да нè натера да правиме работи што се лоши за нашето здравје, за нашата долгорочна финансиска благосостојба и во секој поглед се штетни.
Но очигледно нашите противници во странство забележеле дека имаме таков систем и ако не го користат тоа би било изненадувачки. Истото важи и за нашите сојузници, за жал.
Тоа значи дека секогаш кога некој има интерес што е спротивен на интересите на Американците, тие имаат можност да нè насочат во нивна корист и без сомнение тоа се случува. Но не мислам дека тоа е целата приказна. И ќе ти кажам, не ми се допаѓа да го кажувам ова: причината зошто феноменот со Епштајн, што и да беше, е толку важен е затоа што сугерира скриена структура на моќ која служела за уцена.
Жалосно е што во верзијата што ја гледаме немаме конечни докази за тоа кој, што сакале или како функционирала уцената. Сè што гледаме е силен доказ дека нешто постоело. Логично е да се претпостави дека било поврзано со разузнавачки служби, нашите, веројатно и израелските, кој знае кои уште.
Но кога ја гледаш владата, претседателот, како функционира на начин што не се вклопува, тоа е како да гледаш планета што се однесува чудно поради гравитација од нешто што не си го открил. Тоа значи дека има нешто со моќ во системот што не е јавно декларирано. Колку што знаеме, е без име. И главното прашање е што е тоа, како функционира и колку влијае врз нашите одлуки?
Се обидов на свој начин да го отворам ова прашање јавно. Мислам дека сме во средина не само на уставна криза, која можеби трае од 2001, можеби и многу подолго, можеби од 1963 година…
Такер Карлсон:
Околу 22 ноември 1963 кога беше убиен Кенеди?
Брет Вајнштајн:
Да, токму така и прашањето е дали тоа беше дело на еден стрелец или државен удар? И ако беше државен удар, дали тоа што ја презеде власта некогаш ја врати? Не го знам одговорот.
Такер Карлсон:
Ако некогаш американската влада банкротира и престанат исплатите за инвалидитет, социјалното осигурување, сите исплати, медицинските истражувања, ЦИА сепак ќе биде добро финансирана.
(Брет Самуел Вајнштајн (роден на 21 февруари 1969 година) е американски подкастер, автор и поранешен професор по еволутивна биологија. Работел на факултетот на Државниот колеџ „Евергрин“ од 2002 до 2017 година, кога поднесе оставка. На широката јавност во САД и воопшто во светот и стана познат кога во средината на 2021 година сними поткаст со врвниот експерт, Роберт Малоун и со бизнисменот Стив Керш, при што за прв пат беше откриено дека Фајзер вакцините против Ковид се небезбедни и дека нано честичките кои се користат како носач, се таложат во јајниците на жените.)



