Дилијан Вајт (25-1-0; 18КО) го победи Дерек Чисора (29-9-0; 21КО) во 11-тата рунда од битката помеѓу двајцата во тешка категорија, на главниот настан на боксерската гала вечер во „О2 Арена“ во Лондон.

Популарниот Делбој беше нокаутиран по моќно лево кроше во претпоследната рунда. Чисора не успеа да се исправи на нозе повеќе од минута, но за среќа немаше посериозни последици по него. На тој начин, Вајт победи по вторпат против тој ривал, откако го совлада пред две години на поени.

До 11-тата рунда, борбата беше многу рамноправна, а Чисора дури имаше предност според двајца судии (95:94, 95:94, 94:95) и тоа под услов дека беше казнет со два поени од судијата во рингот – еден за удар под појасот и еден за удар со лакт.

Победникот најверојатно ќе се соочи со Ентони Џошуа по околу четири месеци на „Вембли“. Освен тоа, Дилијан за заштити Сребрената титула на Светскиот боксерски совет, како и Меѓународната титула на Светската боксерска организација, за кои се бореа во вчерашниот судир.

https://www.youtube.com/watch?v=-OpstMd6TbA