Маж починал поради откажување на белите дробови. Видеото, снимено за време на операцијата, го погледнале повеќе од 25 милиони луѓе на социјалните мрежи, коментирајќи дека тоа е најдобрата кампања против пушењето што ја виделе досега. Мажот пушел повеќе од 30 години.
„Пациентот не беше на КТ (компјутерска томографија) пред смртта. Прогласија мозочна смрт, а набргу потоа неговите бели дробови беа донирани. Првичните тестови за заситеност со кислород беа добри, но кога ги експлантиравме (отстранивме) органите, сфативме дека не можеме да ги користиме. Ние Кинезите сакаме да пушиме. Би било непрактично да се каже дека не сакаме да ги прифатиме белите дробови на сите пушачи за донирање на органи, но има јасни стандарди, вели трансплантацискиот хирург др. Че, појаснувајќи какви се тие стандарди кога станува збор за белите дробови.
Проф. Питер Опеншхау од Националниот институт за срце и бели дробови вели дека овој пациент страдал од белодробен емфизем. Тоа е болест која доведува до воспаление на белите дробови. Воздушните простори во белите дробови се зголемуваат и дишењето станува тешко. Пациентите со оваа болест често се задишани и кашлаат, сè заради цигарите.
Д-р Чен го објави видеото на социјалните мрежи со мандаринскиот збор „jieyan“, во превед: „Престанете да пушите“.