Ни доаѓа студено време и температури под нулата. Доколку немате гаража за вашиот автомобил, веројатно многу утра ќе бидете соочени со мраз на вашата шофершајбна.
Eве како на брз, ефикасен и економичен начин да го решите тој проблем!
Доколку наутро се брзате за на работа, а вашата шофершајбна е прекриена со тенок слој мраз, сигурно повеќе пати сте дошле во искушение стаклото да го полиете со жешка вода или со остар предмет да го отстраните мразот.
Не го правете тоа, бидејќи во првиот случај поради нагла промена на температурата вашето ветробранско стакло може да пукне или доколку се определите за втората метода може да ја оштетите површината на стаклото.
Не е паметна и одлуката за скапоцени средства кои се ставаат во резервоарот за течност за ветробранско стакло, бидејќи при прскањето на течноста, автоматски се вклучуваат и брисачите кои можат да го оштетат стаклото, или сами може да се оштетат, бидејќи во тој момент мразот се уште се наоѓа на шофершајбната.
Едно од решенијата, за оние кои имаат автомобили со клима уред кој нуди опција за одмрзнување, е да бидете стрпливи и да чекате воздухот да се загрее и ледот да попушти. Но, тоа не е многу брзо.
Како одлично решение, а во исто време брзо, ефикасно и многу исплатливо, се наметнува спречувањето на формирање леден слој. Тоа може да го направите така што секоја вечер на шофершајбната ќе напрскате средство кое сами ќе го направите, а кое се состои од една четвртина киселина и три четвртини вода.
Вишокот раствор отстранете го со крпа и наутро би требало да ве дочека чиста провидна шофершајбна, без наслаги мраз.